Црна дамка на „белиот спорт“ – наместени 97 мечеви, уапсени 28 тенисери!

Шпанската полиција уапси 83 лица, од кои 28 тенисери поради обвинувања за наместени мечеви на Фјучерс и Челенџ турнирите, објави Европол.

Според првичните информации меѓу уапсените е и еден тенисер кој лани играл на УС Опен, а под сомнение се дури 97 тениски мечеви.

Организатор на целата акција е криминална група од Ерменија, која ги поткупувала тенисерите за да влијае на резултатите и така стекнала голема финансиска добивка.

Во акцијата на шпанската полиција запленети се 167.000 евра, пушка и повеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, како и пет луксузни автомобили, а блокирани се 42 банкарски сметки.

Се вчитува...