Во квалификациите за Светско првенство, Србија на домашен терен беше поразена од Турција со 82-78.
Иако се чинеше дека Турција ќе издвои лесна победа, затоа што на полувреме замина со +15 поени разлика, сепак, на почетокот на четвртиот период таа се „стопи“ на само три поени.
Во последниот период Србија стигна и до „егал“ 70-70, па потоа и до предност 73-72. Но, Турција одново замина на +4, и таа предност ја држеше до крајот, иако Добриќ во последните мигови со тројка се доближи до само два поени, но потоа Турција погоди две слободни фрлања, и така ја запечати победата.
Тарик Биберовиќ кај Турција беше најефикасен со 22 поени, додека Чеди Осман постигна 16. Кај Србија, Марковиќ даде 19 поени, Добриќ 17.
Србија го запиша првиот пораз во квалификациите, додека Турција дојде до третиот триумф.
Чудо вечерва се случи во Атина откако Црна Гора ја совлада Грција со 67:65. Мечот беше една резултатска вртелешка, а најголемата предност ја имаа Црногорците кога имаа +5 во текот на третиот период.
Грците во финишот поведоа со 65-63, но потоа Црна Гора успеа да реализира два напади и да дојде до предност. Домашната селекција имаше напад за израмнување или победа, но не го реализираше, и црногорците дојдоа до голема победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

