Црна Гора се соочува со големи проблеми пред ЕП 2022

Еден од противниците на Македонија на Европското првенство во Унгарија и Словачка, Црна Гора се соочува со големи проблеми на помалку од десет дена пред стартот на континенталниот шампионат.

Имено на последните тестирања кои биле направени утрово тројца ракометари и еден член на стручниот штаб биле позитивни на Ковид-19. Поради оваа ситуација Црна Гора го откажа патот за Швајцарија, а подготовките ќе ги продолжи во Подгорица од каде ќе отпатува за Дебрецин.

Премиерниот меч Црна Гора ќе го има на 13. јануари против актуелниот светски шампион Данска.

Се вчитува...