Црна Гора сигурна против Шведска

Репрезентацијата на Црна Гора стигна до победа против Шведска од 31-25 во натпревар од женското ракометно Европско првенство.

Црногорките беа подобар противник во текот на целиот меч и без поголеми проблеми стигнаа до првите бодови во втората фаза од шампионатот.

Поранешната вардарка Јованка Радичевиќ со 11 гола беше најдобра во победничкиот табор, додека кај Швеѓанките Лин Блом постигна осум гола.

Се вчитува...