Црно-бела „деветка“ на Икарди се продава пред стадионот на Јуве

Мауро Икарди е пред заминување од Интер, а Јувентус секогаш е заинтересиран за најдобрите фудбалери на своите ривали.

Така, во пресрет на синоќешниот натпревар со Удинезе пред стадионот на Јуве во Торино можеше да се купи и црно-бел дрес со број девет и името на Икарди. Дресот не беше брендиран од „старата дама“, но сам по себе е доволна провокација до „нероаѕурите“ и најава за мегатрансфер во текот на летниот преоден рок.

Интер е во небрано, ќе мора да го продава Аргентинецот, а листата на заинтресирани од ден на ден е се помала. Дали на крајот ќе мора да се седне на маса со Јувентус и Икарди да се продаде токму на најголемиот можен ривал.

Се вчитува...