„Црно-белата“ Ванда провоцира на дербито во Милано (ФОТО)

Мауро Икарди почна да се појавува во тимот на Интер, но тоа не значи и крај на сагата околу аргентинскиот ас, кој на крајот од сезонава ќе си замине од „Џузепе Меаца“.

Го знае тоа и неговата сопруга и менаџерка, Ванда Нара, која не ја пропушта секоја можност за да испрати провокација до управата на „нероаѕурите“. Така, атрактивната Аргентинка се појави на трибините на „Џузепе Меаца“ на вчерашното дерби со Рома облечена во црно-бело, само еден час откако Јувентус се пофали со осмото шампионско скудето во низа.

Јуве важи за фаворит во трката за летен трансфер на Икарди, a Ванда со својот „стајлинг“ на дербито само потврди дека и таа би сакала да го види својот сопруг во „црно-бело“.

Се вчитува...