Црногорецот Ивановиќ ја засили Победа

По реконструирањето на новиот управен одбор, Победа го реализираше првото интернационално засилување во зимскиот преоден рок. Црногорецот Иван Ивановиќ доаѓа како слободен играч откако во декември го раскина договорот со црногорскиот клуб Морнар Бар.

Со 27-годишното крило тренерот Славољуб Бубања добива конкуренција, но воедно и квалитет на напаѓачки план бидејќи Ивановиќ во својата кариера има значително искуство играјќи за повеќе црногорски прволигаши како Челик Никшиќ, Младост Подгорица, Рудар Пљевља и Морнар Бар, додека одредено време играше и за Атурај од Казахстан.

Во сезоната 2013/2014 беше прогласен за најдобар играч на првенството во црногорската Прва лига, а со тоа заслужи и деби во репрезентацијата против Луксембург.

Се вчитува...