По заминувањето на Зоран Штерјовски, новиот тренер на Победа, Црногорецот Славољуб Бубања денеска ја започна својата активност во прилепскиот прволигаш.
Бубања, по вчерашниот дуел на тимот против Силекс во Кратово, денеска го одработи првиот тренинг со екипата.
Малку време останува за Бубања, за комплетно втемелување на своите визии околу играта на прилепчани, пред следниот натпревар на Победа, во среда против Скопје на стадионот на Могила во Прилеп во рамките на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА