Црногорецот Ласица казнет од ЕХФ со 5.000 евра за плукањето на македонските навивачи (ВИДЕО)

Црногорскиот ракометар Марко Ласица доби казна од ЕХФ поради инцидентот во кој беше вклучен по завршувањето на вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора на ЕП 2022.

Ласица по завршувањето на дуелот се упати кон делот од трибините со македонските фанови и плукал како реакција на вербалните навреди.

ЕХФ го испита случајот и во својата одлука оцени дека „однесувањето на Ласица е во спротивност со основната обврска на делегациите-учеснички да промовираат спортски дух.“.

„Ваквото однесување е штетно за имиџот на ракометот и не смее да се толериа. Поради тоа на играчот му се изречува казна од 5.000 евра, од која сума 2.000 евра ќе плати доколку направи нешто слично во следните две години“ – се вели во одлуката на Дисциплинската комисија на ЕХФ.

Се вчитува...