Црногорскиот селектор и фудбалерите родени во Србија не сакаат да настапат на мечот против Косово

Неколку часа пред почетокот на квалификацискиот меч меѓу Црна Гора и Косово за пласман на Европското првенство 2020 година, неизвесно е во кој состав ќе излезат домашните фудбалери.

Како што пренесуваат медиумите од Балканот, завршен е состанокот меѓу раководството на Фудбалската федерација на Црна Гора и Љубиша Тумаковиќ и фудбалерите кои се по потекло од Србија, Филип Стојковиќ, Мирко Иваниќ, Адам Марушиќ, Марко Симиќ и Вукан Савичевиќ.

Љубиша Тумаковиќ нема да ја води репрезентацијата, а на клупата нема да биде ниту неговиот помошник Александар Јанковиќ, но и фудбалерите на Црвена Звезда Стојковиќ и Иваниќ. На состанокот на Тумбаковиќ му е понудено да не ја води репрезентацијата на двата меча против Косово, но да остане на чело на селекцијата. Меѓутоа, Тумбаковиќ нагласил дека е морална личност и не може прво да ја остави селекцијата на цедило, а потоа да се врати на клупата.

Селекторот и фудбалерите кои се по потекло од Србија изминатите денови биле изложени на голем напад од страна на јавноста во Србија поради што морале да одлучат да не бидат дел од мечот.

Се вчитува...