Црногорците ја растурија Ерменија, хет-трик на Левандовски против Романија

Црна Гора ги задржа шансите за пласман на СП во Русија откако вечерва со импресивна игра ја декласираше Ерменија со убедливи 4-1. Можеби на дуелот во Подгорица се очекуваше нешто поизрамнета игра, но Црногорците доминираа од самиот почеток, поведоа уште во 2. минута преку Бечирај и го „газеа“ противникот до финишот. Најдобар поединец на натпреварот беше Стеван Јоветиќ, кој постигна хет-трик и помогна Црногорците да останат во ритам за второто место во групата Е.Првата позиција во таа група е резервирано за Полска, откако Роберт Левандовски постигна хет-трик во триумфот од 3-1 над Романија. Со ова победа Полјаците си ја задржаа удобната предност од шест бода во однос на ривалите и се многу близу до директен мундијалски пласман.Германија очекувано лесно триумфираше над аутсајдерот Сан Марино со 7-0. Избраниците на Јоаким Лев не се ни истрошија премногу, а шест пати го матираа гостинскиот голман, Вагнер постигна три гола, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Дракслер, Брант, Мустафи и Јунес.Словачка со головите на Вајс и на Хамшик стигна до значајни три бода на гостувањето против Литванија (1-2), додека Норвешка и Чешка ремизираа 1-1, гостите први поведоа преку Селасие, а бод за Норвежаните од пенал во второто полувреме спас ГРУПА Ц: Азербејџан – С. Ирска 0-1, Германија – Сан Марино 7-0, Норвешка – Чешка 1-1.Табела: Германија 18, Северна Ирска 13, Чешка 9, Азербејџан 7, Норвешка 4, Сан Марино 0. ГРУПА Е: Полска – Романија 3-1, Црна Гора – Ерменија 4-1, Казахстан – Данска 1-3.Табела: Полска 16, Црна Гора 10, Данска 10, Романија 6, Ерменија 6, Казахстан 2. ГРУПА Ф: Шкотска – Англија 2-2, Словенија – Малта 2-0, Литванија – Словачка 1-2.Табела: Англија 14, Словачка 12, Словенија 11, Шкотска 8, Словенија 5, Малта 0.Montenegro vs Armenia 4-1 All Goals… by LiveFootball28All Goals & highlights HD – Poland 3-1… by LiveGoalsTVGermany vs San Marino 7-0 All Goals… by LiveFootball28

Се вчитува...