Црногорците со дополнителна провокација од соблекувалната кон Србија (ФОТО)

Во соседското дерби, Црна Гора во тензичен натпревар со 22-21 славеше против Србија со што си ги задржа шансите за пласман во следната рунда на Европското првенство 2020.

Ракометарите на Црна Гора дуелот го играа во зелени дресови, и тоа воопшто не беше случајно. Целта беше потсетување на зеленашко Комитскиот покрет од 1918 година на чело со генералот Крсто Поповиќ против одлуката на подгоричкото собрание Црна Гора да се приклучи на Србија.

Па, во деновите на затегнати односи меѓу двете земји следеше славје на Црнгороците како да го освоиле европското првенство. Дополнителна провокација следеше од соблекувалната кога како „сол на рана“ на соседите им фрлија со прославата со зеленото знаме на независна Црна Гора, место со официјалното знаме на земјата.

Се вчитува...