Црвена Звезда ангажираше „питбул“ (ВИДЕО)

Црвена Звезда продолжува со засилувањата за престојната сезона во која белграѓани ќе го бранат трофејот во АБА лигата, а ќе целат и кон висок пласман во Евролигата. За таа цел ќе можат да сметаат на услугите на Џон Холанд.

Искусниот 33-годишен кошаркар кој во својата богата кариера има и НБА искуство во Белград доаѓа од Бурса со која стигна до финалето од Еврокупот со кој бележеше просек од 11.3 поени, 3.6 скока и 1.3 асистенција по натпревар.

Одличната енергија која ја даде во разигрувањето од второто по ранг натпреварување во Европа ја круниса со несекојдневната изјава на натпреварот против Олимпија во која ги спореде своите соиграчи со питбул.

Се вчитува...