Црвена Звезда, Бенфика и ПСВ во групната фаза на ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда, португалска Бенфика и ПСВ Ајндховен се патниците во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ направија изненадување играјќи 2-2 во Австрија против Салцбург, што беше доволно по ремито без голови во Белград, за Црвена Звезда да избори пласман во елитното европско клупско натпреварување.

Салцбург поведе со 2-0, со двата гола на Мунас Дабур, но потоа возврати на идентичен начин и Црвена Звезда, со двата гола на напаѓачот Бен, и тоа за две минути (65., 66.).

Бенфика го декласира ПАОК во Солун со 1-4, иако по првиот меч дома немаше предност (1-1). Два гола постигна Салвио, а во листата на стрелците се запишаа и Жардел и Пици.

ПСВ Ајндховен со сигурен триумф од 3-0 против белорускиот Бате Борисов го осигура пласманот во групите на ЛШ. Стрелци за холандскиот тим беа Бергвијн, Де Јонг и Лозано.

Се вчитува...