Црвена звезда без Антиќ се „сопна“ и во Тел Авив

Црвена звезда го нанижа третиот пораз во низа откако загуби од тимот на Макаби со резултат од 89-75, на гостувањето во Тел Авив во рамките од 19. коло во Евро – лигата. Отсуството на повредениот Перо Антиќ се почувствува кај кошаркарите на Душан Алимпијевиќ, Макаби во улога на фаворит без поголеми проблеми рано го реши победникот на пресметката.

„Црвено – белите“ тргнаа амбициозно во воведните минути, но веќе кон стартот на втората четвртина „потонаа“ во двоцифрена негатива. Макаби лесно ги освои двата периоди за на одмор да замине со заслужни 47-29. Звезда покажа „знаци на живот“ освојувајќи го третиот период (23-17), но и натаму беа во далеку евентуално изненадување. Макаби не дозволи да се посрамоти пред своја публика, знаејќи дека пред два дена беа декласирани од Олимпијакос во Атина.

Пјер Џексон беше најефикасниот кошаркар меѓу домаќините, заврши со 22 поени и шет асистентии. По него, следуваа Алекс Тајус и Деандре Кејн со 15, односно 12 поени. Искусниот Бјелица реализираше 13 поени за екипата од Белград, Рочести и Лесор по 10.

Останати резултати Евро – лига:

Кимки – Олимпијакос 82-54

Жалгирис Каунас – Валенсија 86-82

Се вчитува...