Црвена звезда без клучен играч доаѓа на мегдан со МЗТ Скопје

Црвена звезда ќе биде значително ослабена за наредниот дуел од АБА-лигата, во Скопје против МЗТ в понеделник, откако беше обелоденето дека Џејмс Фелдин нема да може да му се стави на располагање на стручниот штаб на „црвено-белите“.

Извонредниоот шутер се повреди во втората четвртина од евролигашкиот дуел со Макаби откако незгодно згазна на ногата на Алекс Тајс, повредувајќи го скочниот зглоб. По деталните лекарски прегледи беше утврдено дека не станува збор за скршеница, но Фелдин во секој случај ќе мора да паузира најмалку седум дена, што значи дека сигурно нема да настапи со МЗТ, а потоа и на дуелот со Олимпијакос во Белград во рамките од Евролигата.

Само за потсетување, крајно неизвесен е и настапот на Перо Антиќ, кој поради повреда воопшто не настапи на последниот евролигашки дуел со Макаби.

Се вчитува...