Црвена звезда без клучен играч патува за Ливерпул

Јасно е дека Црвена звезда ќе ја има улогата на тотален аутсајдер на утрешното гостување во Ливерпул, а дополнителен проблем за тренерот Милојевиќ е фактот дека „црвено-белите“ отпатуваа за Англија без еден од свооите клучни играчи.

Марко Марин е фудбалерот што остана во Белград додека експедицијата на „црвено-белите“ отпатува за Ливерпул, по повредата што овој играч ја заработи на последниот натпревар на српскиот првак. Иако повреден, за Ливерпул отпатува капитенот Вујадин Савиќ, кој ја обнови старата повреда на дуелот со ПСЖ и тешко дека ќе може да се појави на „Енфилд“.

Во однос на претходниот меч со ПСЖ во екипата се враќа Боачи, кој поради повреда не настапи на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...