Црвена звезда без најдобриот фудбалер во Париз

Црвена звезда со улога на апсолутен аутсајдер отпатува во Париз, каде утре ќе излезе на мегдан со екипата на ПСЖ. Дополнителен проблем за тренерот Влада Милојевиќ претставува повредата на најдобриот фудбалер на „црвено-црните“, Ричмонд Боачи, поради која интернационалецот од Гана воопшто не отпатува за Париз со остатокот од тимот.

Боачи го постигна израмнувачкиот погодок на вечното дерби со Партизан, но заработи повреда на овој натпревар, па го пропушти саботниот дуел со Младост Лучани.

Натпреварот на ПСЖ и Црвена звезда се игра утре вечер со почеток во 18.55 часот.

Се вчитува...