Црвена Звезда доби засилување пред гостувањето во Тел Авив

Кошаркарите на Црвена Звезда водат тешка битка за пласман во плејофот на Евролигата. Во следното коло од најсилното европско натпреварување „црвено-белите“ гостуваат во Тел Авив кај Макаби, а таму тренерот Душко Ивановиќ ќе може да смета на Хасан Мартин.

Американскиот центар беше во „аут“ од месец декември и натпреварот против Жалгирис кога заработи потешка повреда, но веќе е рехабилитиран и подготвен да им помогне на соиграчите во тешките мечеви кои следат.

Мартин го засили актуелниот шампион на АБА изминатото лето од Олимпијакос и на 13 одиграни натпревари во Евролигата бележеше просек од 5.5 поени и 3.5 скока.

Се вчитува...