Црвена Звезда е далеку од елитата – Шериф Т. ги врати во реалност белграѓани (ВИДЕО)

Црвена Звезда загуби на гостувањето во Молдавија кај Шериф Тираспол со 1-0 и со вкупни 2-1 го заврши настапот во квалификациите во Лигата на шампионите. Молдавскиот шампион му ја покажа реалноста на белградскиот тим кој очигледно мислеше дека е далеку поквалитетен од рундата во која доживеа елиминација во елитното натпреварување.

Клучниот момент се случи во судиското продолжение во првото полувреме кога по одличниот центаршут на Кастанеда, триумф за Молдавците донесе Арболеда.

Спарта Прага славеше со 1-0 над Ференцварош, резултат кој не беше доволен за пласман понатаму, бидејќи првиот натпревар во Будимпешта унгарскиот шампион го доби со 2-0.

 

 

Се вчитува...