Шпанецот Ибон НАваро е нов тренер на Црвена Звезда. Шпанскиот стручњак ќе го менува Саша Обрадовиќ на клупата на „црвено-белите“.
Наваро со голем успех го водеше тимот на Уникаха, со кој освои седум трофеи во четири сезони.
Тој е роден во Виторија, каде што ги направи првите чекори како тренер, водејќи ги платите селекции на Басконија. Потоа работеше во Валенсија, Басконија, Тенерифе, а беше и асистент во репрезентацијата на Порторико.
Својата прва самостојна работа како прв тренер ја доби како што се очекуваше во Басконија, а потоа, сега како прв тренер, ги предводеше Манреза, Мурсија и Андора, каде повторно привлече големо внимание од најголемите клубови во Шпанија. Го презеде тимот на Уникаха во 2022 година и го постигна најголемиот успех во историјата на тој шпански клуб. Освои седум трофеи во три сезони – две титули во Лигата на шампионите на ФИБА, два Интерконтинентални купа на ФИБА, два национални купа на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
