Црвена Звезда го шокираше Уникс среде Казањ

Кошаркарите на Црвена Звезда запишаа извонредна победа од 77-84 на гостувањето против Уникс Казањ во 26. коло од Евролигата.

Избраниците на Дејан Радоњиќ, по пет порази во последните шест дуели, сега дојдоа до одличен триумф благодарение на беспрекорната последна четвртина од средбата која ја добија со 12-21.

Рускиот тим во ноември славеше во Белград со 78-98, а сега не можеше да го избегне, за нив шокантниот, пораз.

Уникс претходно славеше против Жалгирис во Каунас, а потоа и против ЦСКА Москва во ВТБ-лигата, за да сега потклекне пред белграѓани.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Калиниќ со 20 поени, а Нејт Волтерс дополни со 19 поени. Кај домашните се издвои Марио Хезоња со 18 постигнати поени.

Се вчитува...