Црвена Звезда го „згази“ Пао, Фенербахче ја освои Москва

Црвена Звезда стави крај на серијата од четири порази во низа во најсилното европско кошаркарско натпреварување со убедлив триумф над Панатинаикос во Белград од 81-48. Избраниците на Радоњиќ повторно беа на врвот на својата задача во одбраната и сосема заслужено стигнаа до третата победа во елитното натпреварување.

Нејт Волтерс ги предводеше „црвено-белите“ со 18 поени и 3 скока, а него го следеа Холинс со 11 поени и 5 скока и Калиниќ со 10 поени и 3 асистенции. Кај гостите најрасположен беше Макон со 15 поени, а 10 поени забележа Сент-Рос.

Крај на серијата на порази стави и Фенербахче кој по три загубени дуели славеше на гостувањето во Москва против ЦСКА со 82-91. Вил Клајбурн беше првото име кај „армејците“ со 24 поени и 8 скока, додека Хекет додаде 15 поени и 5 асистенции.  Нандо де Коло ги предводеше Турците со 18 поени и 3 асистенции, додека 17 поени и 7 скока додаде Јан Весели.

Се вчитува...