Црвена Звезда го „здроби“ Клуж, веќе со една нога во групите од Лигата на Европа (ВИДЕО)

Црвена Звезда е веќе со една нога во групната фаза од Лигата на Европа откако во првиот меч од плеј-оф квалификациската рунда славеше убедливо со 4-0 во Белград против романски Клуж.

Потопот на Романците беше најавен уште во 5. минута по погодокот на Милан Павков, кој како изненадување на Дејан Станковиќ доби шанса од првата минута на мечот.

Павков повторно одлично асистираше и за вториот гол на „црвено-белите“ кој го постигна Катаи.

Во второто полувреме, следеа уште два гола на Црвена Звезда за конечна победа од 4-0 со која се отвора патот кон групната фаза од ЛЕ. Најпрво Ел Фардоу во 68. минута зголеми на 3-0, а потоа и Иваниќ во 77. минута заокружи на 4-0.

Се вчитува...