Црвена Звезда игра и за Партизан: Триумф над директниот конкурент на „црно-белите“ за четвртфинале во Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда, и покрај тоа што имаат само теоретски шанси, потврдија дека се уште нема да се откажат од битката за четвртфиналето во Евролигата откако во 30. коло триумфираа со 74-63 над Басконија.

Црвена Звезда одигра и за своите лути ритали, Партизан, ако се знае дека Басконија е директен конкурент на црно-белите за првите осум места на табелата кои водат во разигрувањето.

„Црвено-белите“ победија со пресврт откако првата четвртина им припадна комплетно на гостите. Немања Недовиќ беше најдобар кај белграѓани со 20 поени, а Бентил заврши со 12 поени и пет скока. Дариус Томпсон, пак, беше најдобар кај Басконија со 15 поени.

Басконија по овој пораз остана со 15 победи, наспроти и 15 порази сега, а Црвена Звезда стигна и до 13-та победа.

Се вчитува...