Црвена Звезда им се заблагодари на двајца кошаркари

Фреди Гилеспи и Мајк Тоби повеќе не се членови на КК Црвена Звезда откако со крајот на сезоната заврши нивниот договор кој нема да биде продолжен од актуелниот шампион на АБА.

Од редовите на Црвена Звезда им се заблагодарија за времето поминато во клубот.

„Посветеноста која ја покажаа како дел од клубот и тимот до последниот ден и во моментите кога можеа да се вратат во својите домови и имаа дозвола од клубот за тоа говори дека станува збор за добри луѓе кои го ставија интересот на Црвена Звезда и тимот пред личниот интерес“, стои во објавата на Црвена Звезда.

Се вчитува...