Црвена Звезда ја нападна АБА: Тоа е мафија, систематски грабеж…

Финалната серија помеѓу Црвена Звезда и Будуќност ќе биде одлучена со „мајсторка“ откако црногорскиот состав по двата порази во Белград, во два наврати го одбрани домашниот терен и ја изедначи серијата на 2-2.

Последниот натпревар во „Морача“ беше одлучен во самата завршница, a составот од главниот град на Србија промаши два шута за трофеј. Мечот беше отсликан со голема тензија на двете страни од паркетот при што беа направени 52 лични грешки.

Денеска српскиот тим излезе со соопштение во кое ја нападна регионалната лига и судиите кои го фаворизирале црногорскиот состав.

„Доколку некој имаше некаква дилема или пак се прашува ‘зошто КК Црвена Звезда води судска постапка против АБА лига’ и против што се бори нашиот клуб, не гледајќи само на себе и своите интереси, сите ‘докази’ за болестите од кои пати кошарката во регионот, која е ставена во служба на интереси на поединци доби докази во само неколку дена во четирите натпревари од финалето во АБА лигата кои беа се, само не пропаганда на кошарката и најдобриот од регионалната лига. 

Поради се тоа, КК Црвена Звезда нема повеќе да трпи неправди и грабежи кои ќе ја уништат АБА лигата поради зли компромиси, непринципиелни коалиции и разни кланови и одамна воспоставени навики кои немаат врска со спортот!

Кој и да ги погледне натпреварите од финалето на АБА лигата со број 3 и 4 во Подгорица, одиграни во сабота и понеделник, јасно е дека со кошарката во регионот владее своевидна мафија која сама го режира крајот на натпреварите години наназад, при што не се бираат начини да се дојде до целта. Кошарката, АБА лигата и милионскиот аудиториум пред ТВ екраните не се важни.

Односот во слободните фрлања на натпреварите во сабота и понеделник тоа јасно го говорат:

На кошаркарите на Црвена Звезда им е досудено 61 фаул, на противникот 45, а односот на слободните фралања е уште по драстичен – Будуќност изведе 69, а Црвена Звезда 31???“, стои во дел од соопштението на КК Црвена Звезда.

Целото соопштение на клубот од Белград можете да го прочитате тука.

Се вчитува...