Црвена Звезда ја продолжи „агонијата“ на Партизан

Црвена Звезда ја продолжи агонијата на големиот ривал Партизан откако во „вечното дерби“ од АБА лигата славеше на домашен терен со 73-64. Белградските „црвено-бели“ уште од самиот старт го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на големиот ривал да ја загрози нивната победа.

Рит со 15 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Давидовац додаде 14. Кај Партизан Томас заврши со 17 поени.

 

Се вчитува...