Црвена Звезда како „фурија“ против Алмати (ВИДЕО)

Црвена Звезда успеа на неверојатен начин да ја анулира негативата од 2-1 од првиот меч против казахстански Алмати откако вечерва славеше на „Рајко Митиќ“ со убедливи 5-0.

„Црвено-белите“ поведоа со голот на Катаи во 9. минута. На 2-0 зголеми Диони во 21. минута, а до крајот на полувремето Катаи со својот втор гол зголеми на 3-0.

Во вториот дел Иваниќ во 49. зголеми на 4-0 и ги реши сите дилеми околу тоа кој тим ќе оди во следната рунда. До крајот конечните 5-0 ги постави Фалко во 56. минута.

 

ЛИГА НА ШАМИОНИ 2. КОЛО 

Нефчи – Олимпијакос 0-1

Тираспол – Алашкерт 3-1

Клуж – Линколн 2-0

Митјиланд – Селтик 2-1

Галатасарај – ПСВ Ајндховен 1-2

Лудогорец – Мура 3-1

Јанг Бојс – Слован Братислава 3-2

Спарта Прага – Рапид Виена 2-0

 

 

Се вчитува...