Црвена Звезда ќе го тужи Л’Екип

Црвена Звезда ќе го тужи францускиот весник Л’Екип за пишувањата дека имало соминтелни активности на дуелот на српскиот првак од Лигата на Шампионите со Пари Сен Жермен. Тимот од Белград веќе има претстаници во Париз каде се ангажирани адвокати кои ќе треба да го почнат процесот.

Францускиоит весник тврдеше дека неименуван член на управата на Звезда сакал да уплати дури пет милиони евра на убедлив пораз на српскиот клуб.

Француските медиуми објавија дека за случајот е покрената истрага.

Од Црвена Звезда најостро ги демантираа ваквите тврдење, а од ПСЖ немаше реакција, само неколку изјави на играчите кои велеа дека не забележале ништо сомнитело за време на натпреварот.

 

Се вчитува...