Црвена звезда направи „ремонт“, Човиќ си го донесе синот

Загубеното финале во АБА-лигата од Будуќност донесе потрес во Црвена звезда, па претседателот Небојша Човиќ се реши за „ремонт“ во играчкиот кадар пред битката за титулата во српското првенство.

Интересно, прв потег на Човиќ беше доведување во црвено-белиот дрес на неговиот син, Филип Човиќ. Талентираниот плејмејкер игра одлична сезона во дресот на ФМП, но од денеска го напушти овој клуб и потпиша за „црвено-белите“. Заедно со него потпиша уште еден кошаркар на ФМП, Алекса Раданов, кој ќе му се стави на располагање на тренерот Алимпијевиќ.

Во меѓувреме, „црвено-белите“ објавија дека го раскинуваат договор со Американецот Енис, кој не ги оправда очекувањата во последните неколку месеци. Покрај него, се најавува и заминување на Милко Бјелица, кој ги преговара условите за раскин на договорот и во најскоро време и официјално ќе го напушти таборот на вицепрвакот на АБА-лигата.

Се вчитува...