Црвена Звезда не држеше „Стоп за војната“ – Литванците полудеа на АБА-шампионот

Кошаркарите на Црвена Звезда вечерва гостуваат на Жалгирис во заостанат меч од Евролигата, а АБА-шампионите го навлекоа бесот на домашната публика со потегот на самиот почеток од средбата.

Имено, вообичаено на средбите во Каунас пред натпреварите кошаркарите на двата тима држат транспарент со порака „Стоп на војната“. Овојпат гостите одбија такво нешто, транспарентот го држеа домашните играчи и судиите, а публиката јасно стави до знаење што мисли за ваквиот потег на белградскиот клуб.

Се вчитува...