Црвена Звезда не губи дома двапати по ред, израмни на 1-1 против Будуќност

Црвена Звезда го совлада Будуќност со 69-59  на домашен терен и израмни на 1-1 во финалната серија од АБА-лигата која се игра до три победи. Домашните кошаркари го издржаа психолошкиот товар и одговорија адекватно по поразот на првиот меч. И на овој дуел Перо Антиќ не беше во составот на Црвена Звезда.

Првиот период го добија „црвено-белите“ со 17-13, но возврати со идентична разлика Будуќност, па на одмор се замина со нерешени 31-31. Неизвесно беше и по 30 минути игра, а црногорскиот тим имаше предност од еден поен (47-48). Но, кошаркарите на Црвена Звезда подобро го одиграа решавачкиот последен период од средбата, и на крајот стигнаа до првата победа во финалната серија.

Ален Омиќ со 15 поени беше најефикасен во составот на Црвена Звезда, а Тејлор Рочести постигна 11 поени. Немања Гордиќ од редовите на Будуќност беше убедливо најефикасен на натпреварот со 22 поени.

Се вчитува...