Црвена Звезда не издржа, Реал го освои Белград

Црвена Звезда не успеа да оствари нов подвиг во Евролигата, губејќи на домашен терен од Реал Мадрид со убедливи 59-79. Во отсуство на Вилдоза и на Кампацо „црвено-белите“ немаа сили да го издржат силното темпо што го наметнаа, паднаа во последната четвртина и на крајот претрпеа убедлив пораз. Реал поведе со двоцифрено водство на самиот почеток, но Црвена Звезда предводена од Недовиќ и од Петрушев успеа да се врати. „Црвено-белите“ на стартот од третата четвртина предводена од Петрушев го свртеа резултатот во своја полза, поведова со „плус четири“, но потоа застанаа.

Реал Мадрид заигра далеку поцврсто во одбраната, на спротивната страна лесно реализираше и на крајот успеа да стигне до двоцифрена победа. Црвена Звезда немаш сила во нападот, во последната четвртина постигна само осум поени, по што конечниот неуспех беше неизбежен. Недовиќ со 18 и Петрушев со 17 поени беа најефикасни во таборот на АБА-шампионот, додека најзаслужни за победата на Реал Мадрид беа Муса со 19 и Тавареш со 17 поени.

Монако во драматичен меч го совлада тимот на Олимпијакос со резултат 64-60. „Кнезовите“ се вратија од двоцифрена негатива по првата четвртина, предводени од Мајк Џејмс го свртеа резултатот во своја ползa и стигнаа до победата. Џејмс беше најефикасен со 19 поени, но и седум загубени топки, Диало постигна 16 поени, додека прв стрелец на Олимпијакос беше Питер со 12 поени. Под своето ниво за грчкиот гигант одигра Везенков со само четири поени, сите постигнати во првите три минути од средбата.

Се вчитува...