Црвена Звезда не запира: Уште едно топ-засилување пред мечот со МЗТ Скопје

Црвена Звезда го комплетираше трансферот на Кампацо, но шампионот на АБА-лигата не планира да застане со ангажманот на топ-засилувања. Според весникот „Спортски Журнал“, веќе е договорен уште еден извонреден трансфер, па се очекува во првите денови од 2023 година во таборот на „црвено-белите“ да пристигне и асот на Анадолу Ефес, Акиле Полонара.

Италијанскиот репрезентативец минатото лето се пресели од Фенрбахче во Анадолу Ефес, но не успеа да се избори за минутажа кај тренерот Атаман, по што реши да си замине среде сезона. За овој кошаркар постоеше интерес и од клубови од Италија и од Шпанија, но „црвено-белите“ успеаја да победат во оваа трка и да го доведат овој одличен кошаркар во Белград.

Според првичните најави, Полонара би требало да дебитира за Црвена Звезда токму на дуелот со МЗТ Скопје, закажан за 8 јануари во рамките од АБА-лигата.

Се вчитува...