Црвена Звезда немаше сили за изненадување во Мадрид

Црвена Звезда го претрпе и четвртиот пораз во низа од стартот на евролигашката сезона, овојпат сосема очекуван на гостувањето против европскиот вицепрвак Реал Мадрид со 72-56.

„Црвено-белите“ тотално потфрлија во првата четвртина што ја загубија со 25-10, но српскиот првак успеа да се врати и да се приближи на 44-42. „Кралевите“ сепак успеаја да се разбудат, повторно резултатски да се одлепат, но „црвено-белите“ не се предадоа. На три и пол минути до крајот резултатот гласеше 59-54 за Реал, но АБА-лигашот немаше сили за изненадување, шпанскиот гигант знаеше како да стигне до двоцифрена победа, само втора за „кралевите“ во четвртиот овосезонски евролигашки дуел.

Џанан Муса со 13 поени ги предводеше стрелците кај Реал, 12 постигна Дек, а 11 Јабуселе, додека најефикасни кај Црвена Звезда беа Бентил со 17 и Вилдоза со 10 поени.

Се вчитува...