Црвена Звезда немоќна во Атина, Макаби го совлада Фенербахче

Екипата на Црвена Звезда, загуби на гостувањето во Атина кај Олимпијакос со 88-83. Белградските „цвено-бели“ одиграа лошо во втората, а особено во третата четвртина, кои беа клучни за поразот.

Одличниот почеток на српскиот тим беше засенет со лошото продолжение, а на полувремето Олимпијакос замина само со еден поен предност. Меѓутоа по завршувањето на третата, грчката екипа имаше предност од 11 разлика, од кои Звезда не успеа да се врати, и покрај тоа што во финишот во еден момент се доближи на -3.

Петерс кај Олимпијакос беше незадржлив со 28 поени.

Кошаркарите на Макаби Тел Авив на неутрален терен во Белград, го совладаа Фенербахче со 78-73. Израелскиот тим благодарение на одличната последна четвртина стигна до предност, со оглед дека во голем дел од мечот имаше негатива. Но, последниот период го доби со 22-16, и стигна до пресврт и до победата.

Армани Милано со убедливи 92-76 успеа да го победи составот на Анадолу Ефес, додека Реал Мадрид беше подобар од Монако со 91-75.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...