Црвена Звезда отпушта Срби – Симаниќ заминува од „црвено-белите“

Црвена Звезда вчера успеа да го совлада Химки во 29. коло од Евролигата, натпревар по кој тренерот Дејан Радоњиќ ја потврди информацијата дека 22-годишниот крилен центар, Бориша Симаниќ повеќе не е дел од тимот.

Симаниќ пристигна во белградскиот состав пред седум години како голем талент, но не успеа да ги оправда очекувањата. Оваа сезона кошаркарот не добиваше шанса покрај странските засилувања, а на крајот одлучи да го напушти составот.

Се вчитува...