Црвена звезда по 120 минути ја мина Трнава, следен е Салцбург

Црвена звезда по огромна битка успеа да го елиминира словачкиот првак Спартак Трнава, минувајќи го претпоследното скалило на патот до групната фаза од Лигата на шампионите.

По ремито од 1-1 на „Маракана“, денешниот дуел беше решен по 120 минути игра, за српскиот шампион дури во продолженијата да стигне до триумф (1-2) и да се пласира во последното квалификациско коло. Бен беше човек на одлука за „црвено-белите“, постигнувајќи го израмнувачкиот гол за 1-1 во првото полувреме, а потоа и извонредно асистирајќи му на Радоњиќ при победничкиот погодок. Спартак имаше шанса во 120. минута кога беше досуден пенал за домашниот тим, но словачкиот првак не успеа да го реализира, па овој меч заврши со конечни 1-2.

Последен ривал на Црвена звезда во обидот да се стигне до групната фаза од ЛШ е Салцбург, кој во двата меча беше подобар од македонскиот првак Шкендија во оваа квалификациска рунда.

Се вчитува...