Црвена Звезда полесно од очекувањата до победа над Цедевита Олимпија

Црвена Звезда ги оправда очекувањата и го одбрани домашниот терен во полуфиналната серија против Цедевита Олимпија, славејќи со 93-82. „Црвено-белите“ во поголемиот дел од мечот го контролираше резултатот, а победата ја потврди со добра игра во третата четвртина која продолжи и до самиот крај за убедлив триумф.

Црвена Звезда подобро го отвори натпреварот па веќе во првата четвртина стигна до позитива од девет поени (26-17), но финишот на првите десет минути им припаднаа на гостите од Љубљана кои со серија од 6-0 намалија на 26-23. Налетот на Словенците продолжи и на отварањето на втората четвртина за изедначување (30-30), но Србите навремено ги консолидираа редовите, заиграа далеку подобро па на полувремето заминаа со предност од 53-48.

Белграѓани го задржаа ритамот и на отварањето на второто полувреме во кое стигнаа и до двоцифрена предност (71-61), а продолжија во исто темпо и до самиот крај на мечот и стигнаа на чекор до пласман во големото финале.

Лука Митровиќ беше предводник на Црвена Звезда со 21 поен и 7 скока, додека него го следеше Калиниќ со 17 поени и 6 асистенции. Јака Блажиќ постигна 20 поени, 5 скока и 5 асистенции за Олимпија, додека Муриќ го заврши мечот со 14 поени.

Се вчитува...