Црвена Звезда се мачеше, но ја освои Тирана

Црвена Звезда по голема битка успеа да триумфира на гостувањето против Тирана (0-1) и да се пласира во следната квалификациска рунда за Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ се мачеа да го скршат отпорот на албанскиот првак, Тирана немаше ниту среќа откако во второто полувреме го погоди дирекот од голот на Борјан, по што на спротивната страна Томане го постигна победничкиот гол по корнерот од левата страна.

Албанците имаат за што да жалат бидејќи буквално во последната секунда имаа стопроцентна шанса за израмнување, но Борјан со крајни напори успеа да ја сопре топката на патот кон мрежата.

Македонските интернационалци Најдовски и Тошевски беа стартери во тимот на Тирана.

ПАОК се пласираше во следната рунда од квалификациите за ЛШ победувајќи го Бешикташ со 3-1. Мечот беше решен во првите 30 минути во кои грчкиот клуб стигна до водство од 3-0 (два гола постигна Цолис), по што турскиот претставник немаше сили за камбек.

Се вчитува...