Црвена звезда се намачи против Мега – Антиќ со потег на мечот (ВИДЕО)

Црвена звезда продолжува со серијата победи во АБА – лигата откако денес славеше против Мега бемакс со резултат од 90-85. Актуелниот бранител на титулата во јадранското првентсво го издржа притисокот на противникот во неизвесната средба, на крајот успеа да ја забележи осмата последователна победа во регионалното натпреварување.

Иако почетокот на средбата беше во полза на Звезда, Мега им направи големи проблеми во првите 10 минути откако го освоија воведниот период со 25-24. „Црвенот-белите“ потоа тргнаа фуриозно и постигна 27 поени во следниот период, додека дозволија само 12 поени во својот кош, па со резултат од 51-38 заминаа на заслужен одмор.

Во продолжението Мега одново правеше проблеми освојувајќи ја делницата со 21-15, но искуството во тимот на Душан Алимпијевиќ беше главна карактеристика во завршницата за издвојување на тешка победа.

Фелдин и Рочести ја предводеа екипата на Црвена звезда со 24 поени, односно 15 поени, додека Перо Антиќ додаде 12 поени и при тоа со атрактивно забивање го направи потегот на мечот.  За тимот на Мега најефикасен беше Лазиќ со 17 поени.

https://twitter.com/ABA_League/status/945344379098730497 

Се вчитува...