Црвена Звезда со мега засилување од Будуќност (ФОТО)

Еден од најдобрите црногорски кошаркари и воедно еден од најдобрите организатори на играта на овие простори, Никола Ивановиќ во иднина ќе го носи „црвено-белиот“ дрес на Црвена Звезда откако потпиша двогодишен договор.

Ивановиќ во Белград доаѓа од редовите на Будуќност каде во АБА лигата оваа сезона бележеше просек од 12.9 поени, 4.9 асистенции и 2.8 скока по натпревар, како и 14.6 поени и 3.4 асистенции во Еврокупот.

Се вчитува...