Црвена Звезда со нов плејмејкер, добра вест за Димитријевиќ

Црвена Звезда го договори Џордан Лојд како големо засилување за плејмејкерската позиција за наредната сезона договорајќи го трансферот на Џордан Лојд. „Црвено-белите“ летово ќе останат без Лоренцо Браун, а новиот тренер Саша Обрадовиќ го избра токму Лојд како главен организатор на играта за новата сезона.

Станува збор за Американец кој пред две години беше дел од Торонто репторс, но поголем дел од сезоната мина во развојната лига. Минатото лето тој дојде во Валенсија, каде експресно се наметна со својата експлозивност, но и добра игра во одбраната. Лојд имаше просек од 11,1 поен и 2,4 асистенции по натпревар во Евролигата, што беше доволна препорака за „црвено-белите“ да тргнат во офанзива за негов потпис.

Овој трансфер е добра вест и за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој се наоѓа пред трансфер во Валенсија. Шпанскиот клуб требаше да направи простор во ростерот за да го доведе Димитријевиќ во своите редови, а се очекува по комплетирањето на трансферот на Лојд во Црвена Звездада се официјализира и преселбата на Македонецот од Хувентуд во Валенсија.

Се вчитува...