Црвена Звезда по неуспешниот обид за влез во Лигата на шампионите реши да продаде неколку првотимци. Последен во низата е корејскиот репрезентативец Јунг ву Сеол, кој кариерата ќе ја продолжи во Бундес-лигата, како член на Аугсбург.
Сеол влезе во последната година од договорот со српскиот првак, поради што „црвено-белите“ решија да го продадат и добро да заработат на него. Имено, трансферот на Сеол во Аугсбург ќе изнесува загарантирани четири милиони евра, плус 1,5 милиони поврзани со неколку клаузули, но и дополнителни 10% од следниот трансфер на корејскиот дефанзивец.
Овој фудбалер при доаѓањето беше платен нешто повеќе од еден милион евра на Улсан, па јасно е дека белградскиот тим одлично заработи од неговата продажба.
Воедно, веќе е договорен и наследникот на Сеол во Црвена Звезда, повторно фудбалер од Азија. Станува збор за Јуто Накајама, јапонски дефанзивец кој доаѓа од тимот на Макида од Азија, но кој претходно има настапувано за Цволе во холандскиот шампионат и за Хадерсфил во Чемпионшип-дивизијата во Англија.
Накајама веќе ги договори личните услови за тригодишен договор со српскиот првак, кој ќе плати 1,1 милион евра за фудбалерот кој има и 22 настапи за јапонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
