Црвена Звезда со пораз од Фенербахче ја започна новата сезона во Евролигата

Фенербахче успеа да го одбрани домашниот терен од Црвена Звезда откако славеше со 61-57 во драматичен натпревар кој беше одлучен во самата завршница, а херојот на турскиот тим беше Нандо де Коло. Во скромниот поентерски натпревар Дајшон Пиер беше предводник на Фенербахче со 13 поени и 4 скока, додека Никола Ивановиќ со 16 поени и 6 асистенции беше првото име во редовите на белградскиот тим.

Денеска беше одиграно и руското дерби помеѓу УНИКС и Зенит кој му припадна на гостинскиот тим откако славеше со 69-70. Предводник на домаќините беше Ајзеа Кенон со 18 поени и 2 скока, додека Конор Франкамп беше лидер на гостите со 18 поени.

На победа во првиот натпревар од новата сезона се радуваше и Олимпијакос кој славеше над Басконија со 75-50. Грчкиот тим го предводеше Саша Везенков со 16 поени и 3 скока, додека Рокас Гиедраитис беше првото име во редовите на шпанскиот тим со 15 поени и 6 скока.

Се вчитува...