Црвена Звезда со смешен гол до нов триумф над Клуж и место во групите на Лигата на Европа

Црвена Звезда заслужено се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа откако српскиот шампион славеше и на вториот дуел со Клуж, овојпат на гостински терен со 1-2. Избраниците на Дејан Станковиќ експресно ја оставија зад себе елиминацијата од ЛШ од Шериф и со два одлични меча го надиграа Клужи и ги продолжуваат настапите во ова европско натпреварување. Денешниот триумф беше и прилично среќен, ако се земе во предвид дека победничкиот гол на Павков беше постигнат по големата грешка на домашниот голман.

Галатасарај со пресврт во второто полувреме го совлада данскиот прволигаш Рандерс со 2-1 и обезбеди пласман во групите од ЛЕ. Левиот бек Ван Анхолт израмни на 1-1, а турскиот гигант потоа со многу среќа стигна и до втор погодок кога Лауенборг несмасно си постигна автогол.

Фенербахче исто така се пласираше во групната фаза откако овој тим славеше со убедливи 2-5 на гостувањето против Хелсинки. Валенсија беше херојот на Фенер на оваа средба, постигнувајќи хет-трик за турскиот претставник на мечот во Финска.

АЗ Алкмар славеше на реваншот со Селтик со 2-1, но сепак е елиминиран бидејќи првиот меч во Глазгов заврши со триумф на шкотскиот гигант од 2-0.

Се вчитува...