Црвена Звезда со супер-засилување: Немања Недовиќ е „црвено-бел“

Црвена Звезда го договори првото големо засилување за наредната сезона откако шампионот на АБА-лигата ги финишираше преговорите со српскиот репрезентативец Немања Недовиќ.

Одличниот поентер имаше добра сезона во Панатинаикос, неколку евролигашки екипи беа заинересирани за негов ангажман, но тој прифати да се врати назад во татковината и да биде „прва ѕвезда“ на реновираниот состав на белградскиот гигант. Остин Холинс и Дејан Давидовац веќе си заминаа од таборот на „црвено-белите“, Никола Калиниќ е пред преселба во Барселона, додека плејмејкерот Волтерс го напушти клубот уште пред почетокот на српскиот плејоф.

Немања Недовиќ ја почна професионалната кариера во Црвена Звезда од 2008 до 2012 година. Потоа тој се пресели во Литвос Риотас, по што имаше кратка авантура во НБА-лигата, како член на Голден Стејт. По враќањето на Европа тој настапуваше за Валенсија, Уникаха и Олимпија Милано, за од 2020 година да ги брани боите на Панатинаикос.

Се вчитува...