Црвена Звезда со убедлив триумф над Партизан ја почна одбраната на титулата во АБА-лигата

Кошаркарите на Црвена Звезда со триумф од 90-76 над лутиот ривал Партизан во првиот меч од финалето во АБА-лигата, ја стартуваа битката за третата едноподруго титула во регионалното натпреварување.

Партизан не бил во финалето на АБА-лигата од 2013 година кога и ја освои титулата, па сега и тоа како има мотив во серијата до три победи да стигне до посакуваниот трофеј.

Но, на црно-белите тоа не им успеа во првиот дуел во кој Црвена Звезда успеа да стигне до победата благодарение на подобрата игра во финишот од мечот. Претходно, Партизан одлично почна добивајќи ја првата четвртина со 19-23, но потоа се беше во знакот на црвено-белите.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ивановиќ со 18 поени, а по 14 поени постигнаа Добриќ и Митровиќ. Кај Партизан се издвои Кевин Пантер со 15 поени, а Мур го заврши мечот со 12 постигнати поени.

Доколку сезонава стигна до нова титула во АБА-лигата, Црвена Звезда со вкупно шест ќе се израмни со Партизан по бројот на освоени титули.

Се вчитува...