Црвена Звезда во „фестивал на промашувања“ го совлада Зенит

Црвена Звезда го совлада Зенит нагости со … во натпревар од 16. коло од кошаркарската Евролига. Слабата игра во напад и многуте промашувања беа главна одлика во мечот во кој за нијанса подобро се снајдоа „црвено-белите“.

Звезда одлично го отвори натпреварот. Одигра солидна прва четвртина по која имаше предност од плус четири 16-20. Се се сврте во вториот период. Домаќините заиграа на повисоко ниво и до полувремето успеаја да направат пресврт и на пауза да заминат со предност од 40-37.

Третата четвртина ја карактеризираше тврда игра, a двата тима не успеваа да погодат од ниту една позиција. Гостите подобро се снајдоа во тој ритам и успеваа повторно да дојдат до водство од (47-51). Последната четвртина продолжи во ист ритам. По шест минути игра двата тима имаа постигнато само по два поени.  Во последните четири минути белграѓани успеаја да погодат и да стигнат до конечен триумф од 58-65.

Били Берон со 26 поени беше најдобар поединец на мечот, а во Звезда солидна партија прикажа и Лоренцо Браун кој мечот го заврши со 18 поени. Кај Зенит двоцифрени беа само Холинс со 14 и Томас со 11 поени.

Се вчитува...